Во Црна Гора потпишан договор за изградба на Трансбалканскиот коридор
Договорот за изградба на Трансбалкански електроенергетски коридор преку Црна Гора вреден 25 милиони евра, кој го финансира Европската унија, а го имплементира Германската развојна банка (KfW) е потпишан вчера во Ластва Грбаљска.
Договорот го потпишаа министерот за економија на Црна Гора Владимир Кавариќ, членот на Управниот одбор на KfW за Европа и Азија, Роланд Силер и извршниот директор на Црногорскиот електропреносен систем Иван Булатовиќ.
- Проектот подразбира јакнење на црногорската инфраструктура поврзана со подморски кабли и изградба на далноводи во Црна Гора и Србија. Вкупната вредност на проектот е 127 милиони евра. Црногорски електропренос со помош на Владата на Црна Гора обезбеди кредитни средства од страна на ЕБРД и KfW, а договорот, кој го потпишуваме претставува кофинансирање на тие кредитни средства од донации во износ од 25 милиони евра, нагласи Кавариќ.
Министерот за економија потсети дека проектот има огромно значење за енергетиката и целокупната економија на Црна Гора.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Ние веќе немаме што да дадеме
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
„Блек Фрајдеј“: Маркетиншки трик или реални попусти?
-
Патот Охрид - Кичево црна точка во сообраќајот
-
“Скапи” честитки за родители чии деца се невакцинирани согласно календарот
-
Ден на Републиката
-
Политичките партии со реакции по вчерашното дивеење низ Скопје
-
МВР постапува за сквернавењето на знамето