Македонија
29. November 2024 - 16:47

Мицкоски: Ние веќе немаме што да дадеме

Иако не може да биде полоша, ние никогаш не сме барале промена на преговарачката рамка. Премиерот вели дека Македонија веќе нема што да понуди во процесот на интеграции и дека уставните измени со одложено дејство се единствениот пат кој води до деблокада на процесот. Друг вид на гаранции од Брисел за Македонија не се опција.

Ставот на премиерот доаѓа во време кога новата администрација во Брисел испраќа серија пораки дека одложено дејство е неприфатливо решение за спорот со Бугарија. Новата еврокомесарка за проширување Марта Кос во изјава за медиумите завчера рече дека преговарачката рамка за Македонија е ситуација земи или остави и без внесување на Бугарите во Уставот веднаш интеграциите ќе останат заглавени.