Блокирана е сметката на ЈСП
Блокирана е сметката на ЈСП. Директорот Кушовски кажа дека блокадата е од пред неколку дена поради долг кон фирмата добавувач на нафта. Вели активно се работи на деблокада, ама не знае колку точно должи.
Кушовски не знаеше ниту колкави количини нафта од државните резерви се останати од 250-те тони што им ги позајми Владата.
Тој беше присутен на вонредната седница на Советот на Град Скопје свикана за дискусија за зголемување на цената по изминат километар на приватните превозници.
Советниците од ВМРО-ДПМНЕ се пофалија дека проблемот го решиле тие. Колегите од СДСМ, пак, ги обвинија дека манипулираат.
Одлуката за зголемување на цената по изминат километар не може да донесе наеднаш, потребни се анализи и пресметки, вели градоначалничката.
Приватниците вчера рекоа дека се задоволни новата цена да биде 100 денари по изминат километар и се откажаа од најавените блокади. Сепак, неизвесно е дали и кога ќе почнат да возат, бидејќи, како што велат, ЈСП има неплатен долг кон нив.
-
Мартин Арсов
Сите содржини од овој новинар