Во Центар Жупа правото на глас го остварија 52 болни и изнемоштени лица
Во општина Центар Жупа, денеска, ден пред утрешното гласање за градоначалник, правото на глас го остварија 52 болни и изнемоштени лица.
– Требаше да гласаат 57 болни изнемоштени лица, колку што прифати комисијата од доставеноте 61 барање. Правото на глас го искористија 52 лица, додека останатите пет тоа него сторија од различни причини, во меѓувреме настаната смрт, болнички третман или неважечки документ за идентифкација, изјави за МИА, Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија.
Според Илјаз денешното гласање и распределбата на изборниот материјал минале без никаков проблем.
Утре во оваа општина ќе се гласа на 16 гласачки места а во единствениот избирачки список запишани се 7.077 лица со право на глас, што е за 240 гласачи помалку споредено со локалните избори од 17 октомври минатата година.
Во трка за градоначалничкото место се двајца кандидати, предложени од политички партии.
Во оваа печалбарска општина, се повторува гласањето за градоначалник бидејќи излезноста беше 25,77 отсто и не беше обезбеден потребниот цензус на излезност од 1/3 од вкупно, тогаш, запишаните 7.317 гласачи.
Познати бизнисмени во Италија од ова општина, каде главно е концентрирана жупската дијаспора, обезбедија бесплатен превоз. Како што е најавено во Жупа треба да пристигнат најмалку 700 печалбари за утрешното гласање.
Ново на Сител
-
АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната
-
СВР Битола со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи
-
Воена вежба „Junction City 2025“ на армискиот полигон Криволак
-
Утврдени финалистите за наградата „Сахаров“ за 2025 година
-
Светски ден на храната и 80 години од основањето на ФАО: Храната не е само потреба, туку и достоинство, здравје, иднина, култура и идентитет
-
Политико: ЕУ има пет години да се подготви за војна
-
Уште една измама со лажна сообраќајка, измамена 82-годишна скопјанка за сума од 4.000 евра
-
До сабота променливо облачно со повремен дожд