Во Албанија со Ковид-19 заразени 48, а излекувани 32 здравствени работници
По 9 март, кога беше регистриран првиот случај со Ковид-19, во Албанија, од овој опасен вирус заразени се 48 здравствени работници, лекари и медицински техничари, при што 32 од нив се
излекувани.
„Од синоќа во карантин се 10 здравствени работници, пет лекари и исто толку медицински техничари од персоналот на Клиниката за трауматологија во Тирана.Ќе бидат тестирани
по пет дена, соопшти Министертвото за здравство и социјална заштита.
Тие имале контакт со лице повредено во сообраќајна несреќа што се случила во градот Драч пред три дена, а за кое во меѓувреме било потврдено дека е позитивно на Ковид-19.
Пациентот веднаш бил префрлен во Инфективната клиника и моментно е во стабилна здравствена состојба.
Со вчера последно соопштените податоци во земјата дијагностицирани со Ковид-19 се 446 лица, од нив 16
деца. Излекувани се 217, а починале 23 лица.
Ново на Сител
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора
-
Судски совет предлага продолжување на мандатот на Весна Дамева
-
Скопје од понеделник под блокада
-
ЕВН прифати повисока цена од ЕСМ, за колку ќе плаќаме поскапа струја?
-
Минималец од 450 евра и нова методологија за пресметка на плати, бара УПОЗ
-
Комплекс ,,Македонско село'' повторно ќе биде понуден на оглас