ВМРО-ДПМНЕ: Зошто владини функционери запишани како новинари биле на државен трошок биле во Софија?
Ковачевски и Мирчевски четири дена молчат зошто владини функционери, запишани како новинари на државен трошок биле во Софија.
Шест службеници на чело со директорот на СОЗР, Пеце Мирчевски, биле три дена во Софија на трошок на државата.
Како што велат од владата тие биле за да помогнат во организација на заедничката седница на Владите на Македонија и Бугарија, а притоа на седница на Владата воопшто не било изгласано дека тие може да одат на државен трошок, туку било изгласано само дека патните трошоци, превозот и сместувањето се покриени за новинарите.
Зошто Пеце Мирчевски и шест луѓе од СОЗР биле во Софија и зошто се злоупотребени парите наменети за новинарите?
Скандалозно е вработени во државни институции да се вбројуваат во редот на новинари и така да патуваат на службени патувања, само за да си ги покријат трошоците.
Државните пари мора да се трошат одговорно, а не да се бараат начини од владата како са се измамат законите, процедурите или институциите.
Ново на Сител
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје