-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ Македонија тоне кон дното, а граѓаните немаат доверба во системот
-->

Од партијата посочуваат дека Македонија тоне кон дното, а граѓаните немаат доверба во системот. Очигледно системот „едно евро за Вицето, едно евро за црквата“ од Струмица Заев го пресликал на ниво на цела држава.
-Анализите покажуваат дека над 60% од граѓаните не се чувствуваат безбедно. Оваа власт е директен виновник за тоа. Откако СДСМ е на власт, а Оливер Спасовски министер за внатрешни работи, има 9 нерасчистени убиства, голем број опожарени возила и грабежи. Ефикансноста на полицијата и откривачката дејност во Скопје е рекордно ниска, а стапката на криминалитет е енормно зголемена. Раководството на МВР наместо да го гони, го штити криминалот. Неодговорниот однос на Спасовски и СДСМ придонесе само 16% од граѓаните да веруваат дека полицијата може да ја заштити нивната безбедност, додекаа остатокот или се потпираат на самите себе или не веруваат воопшто никому. Ова е трагедија и виновниците за ова имаат име и презиме Зоран Заев и Оливер Спасовски, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението се наведува дека СДСМ нема капацитет да ја врати довербата на граѓаните во полицијата. СДСМ ја уништи довербата на граѓаните во полицијата.
-Граѓаните немаат доверба ниту во институциите. Скоро сите институции во државата имаат помалку од 40% доверба кај граѓаните. Заев, Спасовски и СДСМ ги девалвираа институциите, ја срушија довербата на граѓаните во институциите и наместо истите да бидат заштитник, тие станаа средство од кое граѓаните се плашат. Ова мора да запре. СДСМ не смее да продолжи со своето деструктивно однесување. СДСМ мора да си замине, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Митинзи на СДСМ во Берово и во Делчево
-
Митинзи на ВМРО ДПМНЕ во Радовиш и во Струмица
-
20 години Меморијален центар на Холокаустот во Македонијa
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, експерт за комуникации
-
Концепт - Нула сообраќајни несреќи во Скопје ветува Ѓорѓевски
-
Филипче обвинува: Владата работи исклучиво за олигархијата
-
Активности на кандидатите за градоначалник на Чаир
-
Предизборни ветувања на кандидатите за градоначалник на Скопје