ВМРО-ДПМНЕ: Продолжуваме со спротивствување на обидите за редефинирање на Македонија
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчера на седница донел заклучок согласно кој, како што потенцираат оттаму, Извршниот комитет и партијата треба да продолжат да се спротивставуваат на обидите за редефинирање на Македонија од мултиетничка во бинационална држава. Партијата останува на ставот дека најдобро решение се нови избори заедно со локалните или поддршка за СДСМ да формира влада и да ја отфрли тиранската платформа.
- ВМРО-ДПМНЕ мора да остане со народот и да продолжи да ги брани државните и национални интереси по секоја цена. Не смее да се дозволи реализација и на останатите фази од процесот кои подразбираат менување на банкнотите, воведување на албанскиот како официјален јазик, кантонизација и федерализација, но и отпочнување преговори за менување на химната, грбот и знамето како вовед во промена на името и идентитетот, се вели во денешнто соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Централниот комитет на партијата ја констатирал фактичката политичка состојба во која победникот во албанскиот блок партии одлучил да не коалицира со победникот во македонскиот блок испраќајќи го во опозиција, односно одлучил да ја изигра волјата на мнозинството македонски граѓани кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.
- Со тоа засекогаш е погазен принципот „победник со победник“ и веќе не постои вистинска причина во иднина да биде загарантирано учеството во извршната власт на партијата која би освоила мнозинство од албанските гласови. Уцената со која се соочува СДСМ најскапо ќе ја чини државата. Стравот на криминогеното раководство на СДСМ дека ќе треба да издржува казна затвор доколку не формира влада, го тера да прифаќа секакви максималистички барања на штета на државата. Затоа Зоран Заев ја прифати платформата од Тирана и презеде обврска да ги реализира на штета на државата, се вели во соопштението.
Во него се додава дека Централниот комитет затоа го потврдил ставот дека најдобар излез од актуелната криза е да се оди на нови, предвремени избори.
- Тие би се одржале заедно со локалните. Со тоа би се редуцирале трошоците, а граѓаните би добиле шанса да се произнесат околу тиранската платформа, која беше донесена по изборите како услов за формирање влада, сметаат во ВМРО-ДПМНЕ.
Централниот комитет констатирал дека помала е штетата доколку на СДСМ му се понуди поддршка за формирање влада и покрај тоа што ги изгубиле изборите. Оваа поддршка, велат од партијата, би се реализирала само со експлицитно отфрлање на тиранската платформа и нејзините елементи од страна на СДСМ.
Ново на Сител
-
Верниците од денеска ќе можат да го посетат гробот на папата Франциск
-
Претседателката Сиљановска-Давкова присуствуваше на погребната миса за папата Франциск
-
Три лица загинаа во пад на мал авион во американската држава Тенеси
-
Трамп: Путин само ме тапка по рамото
-
Неколку лица загинаа, а повеќе се повредени кога возило влета во публиката на фестивал во Канада
-
Облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд
-
Прва жена фоторепортер | Maja Јаневска | ПРОфесија | Sitel Podcast 092
-
Промоција на македонски вина и вински туризам утре во Тирана