ВМРО-ДПМНЕ: Нова година, стари проблеми со Зоран Заев
Нова година, со старите маки. Рецесијата на Заев донесе половина милион граѓани да го поминуваат денот со помалку од 130 денари. Нова година, стари проблеми со Зоран Заев. На 1 јануари пола милион наши сограѓани се разбудија и го живеаја денот со само 130 денари.
Половина милион граѓани се на прагот на сиромаштија. Тоа го донесе Зоран Заев и неговата неспособна влада. Илјадници тутунари имаат намалени приходи и незнаат како да врзат крај со крај. Земјоделците во целост се донесени на питачки стап.
За само три месеци во минатата година Заев го зголеми долгот на државата за 1 милијарда евра. Земјата е презадолжена. Неспособноста на Заев се гледа и по економската неактивност. Македонија и официјално влезе во рецесија. Се во стопанството е забавено.
Фирмите имаат пад на приходи, а единствена константа се тендерите кои ги земаат фирмите на Заеви. Во Новата Година влеговме со нерешени случаи како Еуростандард, ШИК ЈЕЛАК, Рекет 1 и 2 и многу други. Кога се работи за одговорност на некој од врвот на власта одговорност нема.
Нема одговорност за рекетирањето фирми, ниту има одговорност за крадењето од народот. 2021 година мора да биде година на промени. Година на одговорност.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
ДИА: Путин е убеден дека ќе победи во војната во Украина
-
Ѓоковиќ го освои 100. трофеј во кариерата
-
Николоски: Нова авиолинија Скопје - Ларнака од 31 октомври
-
Плинска боца експлодирала во стан во Штип, повредена сопственичката
-
Скопјанка измамена за сума од 17.300 евра откако на телефон и јавиле дека нејзината внука направила сообраќајка
-
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на атлетска трка
-
Прекин во снабдувањето со електрична енергија во јужна Франција
-
СДСМ: Вистината за „Онкологија“ излезе на виделина