Македонија
24. May 2025 - 21:16

Средба Гаши - Ал Субаие: Подготвеност за продлабочување на соработката во рамки на Парламентарното собрание на Медитеранот

Во рамките на Парламентарно-економскиот форум на Парламентарното собрание на Медитеранот во Мароко, денеска, во Mаракеш, се одржа билатерална средба помеѓу претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши и потпретседателот на Парламентарното собрание на Медитеранот, Абдулах Бин НасерТурки Ал Субаие.

Како што соопштија од собраниската прес-служба, на средбата се разговараше за унапредување на меѓупарламентарната соработка, заедничките заложби за стабилност и просперитет во Медитеранскиот регион, како и за можностите за зајакнување на парламентарната дипломатија.

- Двајцата соговорници ја потврдија важноста на дијалогот и меѓусебната поддршка во справување со глобалните предизвици, како што се миграцијата, климатските промени и економскиот развој. Посебен акцент беше ставен на потенцијалот за економска соработка, со фокус на инестиции, трговска размена и развој на инфаструктурни проекти, се наведува во соопштението.

Средбата поминала во дух на пријателство и заемна почит, со изразена подготвеност за продолжување и продлабочување на соработката во рамки на Парламентарното собрание на Медитеранот и пошироко, стои во соопштението.