Македонија
24. May 2025 - 18:07

Скопјанка измамена за сума од 17.300 евра откако на телефон и јавиле дека нејзината внука направила сообраќајка

На 23.05.2025 во 18.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, 83-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 17.300 евра.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, лажно се претставило како полициски службеник и ја информирало дека нејзината внука предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант кое починало. Според пријавеното, таа ги извадила парите од банка и ги оставила на договореното место, а подоцна сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.