СДСМ: Вистината за „Онкологија“ излезе на виделина
Вистината излезе на виделина за Онкологија, а грозната лага на Мизрахи и ДПМНЕ, кои сакаа со криење документи да го прикажат Филипче како виновен, им пропадна во вода. Наместо да се повлечат и да се извинат за своите лаги и манипулации, тие продолжуваат безочно да лажат и обвинуваат.
ДПМНЕ, освен манипулации и местенки, ништо друго не направи откако е на власт. Од утро до вечер се занимаваат со измислени афери за Филипче, бидејќи немаат ништо друго да понудат. Немаат реализирано ниту еден проект, а ветувањата од кампањата со кои ги изманипулираа граѓаните – останаа неисполнети. Затоа не им преостанува ништо друго освен да го вртат вниманието од своите неуспеси – но граѓаните тоа го препознаваат, и затоа се во паника.
Ниеден лажен напад на Филипче и секојдневни прес-конференции нема да ја поправат штетата што секојдневно ѝ ја прават на државата и на граѓаните. Уништија сè што беше макотрпно градено – ја уништија економијата, перспективите, надежта – и ја задолжија државата за три поколенија, велат од СДСМ
Ново на Сител
-
СДСМ: Вистината за „Онкологија“ излезе на виделина
-
Наставник во средно училиште во Чаир нападнат од свој поранешен ученик
-
Тетовчанец, управител на приватна фирма, измамен за сума од 145.360 долари
-
Потешкотии во мобилната телефонија на А1
-
Едно лице почина откако со товарно возило излетало од патот и се забило во заштитна ограда
-
27-годишен кавадарчанец физички ја нападнал својата баба
-
Откриен идентитетот на двете жртви од вчерашната сообраќајна несреќа
-
Претрес во Битола, пронајдена марихуана