Македонија
13. March 2021 - 15:36

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ем шуто, ем боде, ем краде, ем плаче дека сумите кои се објавени се лажни

Ако не е за вакцини, тогаш за што е гаранцијата, еве Филипче нека каже.

Колкава е сумата која ја нуделе Заев и Филипче?!

За да излезе вистината на виделина, нека излезе Филипче и нека каже колку изнесува авансот кој што тие го платиле со наши пари, па им бил вратен од страна на инезите, кога истите виделе дека Заев и Филипче сакаат преку фантом фирма да влечат провизии.

Нелогично е, затоа што Филипче оф една страна лаже дека не е точна информацијата и гаранцијата, а од друга страна вели дека документите се тајна.

Заев и Филипче треба да знаат дека во ЕУ е во тек постапка за декласификација на цените на вакцините, а Унгарија веќе ги објави јавно цените. Заев и Филипче да не се кријат зад изговори и да кажат јавно колку платиле.

Нека се договорат Заев и Филипче, што е вистина, што лага, што точно што не точно, и нека кажат. Ама сепак нека внимаваат, да не случајно има докази кои ќе ги демантираат.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ