Македонија
26. јуни 2024 - 13:16

Приведен скопјанец кој уценувал девојка

Полициски службеници во координација со ОЈО Скопје вчера во населба Ченто го привеле А.О. (23) поради сторено кривично дело „уцена“ по член 259 од КЗ.

МВР соопшти дека 20-годишна девојка вчера во СВР Скопје пријавила дека А.О. побарал од неа 300 евра за да не објави фотографии и видеа со компромитирачки материјал.

На 14.06.2024 таа веќе му дала 150 евра, но уценувањето не престанало и таа го пријавила случајот во СВР Скопје. Од страна на полициски службеници и биле дадени од крим технички обработени пари и откако А.О. ги земал, бил лишен од слобода.

Од него е одземен и телефонски апарат со кој го извршил кривичното дело и поднесена е кривична пријава по брза постапка.