Македонија
28. јуни 2024 - 16:37

Балансерот заминува во историјата, со ова се поткопува Охридскиот договор - Реагира ДУИ

Укинувањето на “ Балансер” ќе биде во фази. За сега се избришани само граѓаните кои не живеат во Македонија, согласно пописот од 2021 та година. Следната фаза ќе биде целосно бришење, најавува министерот на дигитална трансформација . Вели дека  вработувањата во  државните институции мора да бидат по стручност и професионалност, а не по етничка припадност

Со тоа ќе се стави крај првично да се биде од некој етникум, а потоа да се биде професионалец во некоја област и да се има квалитет и образование. Стручноста, ќе биде пред изборот на етничка припадност.

– Токму денес, бројките на дигиталната алатка балансер се променети да одговараат на пописните резултати исклучиво на резидентното население од пописот во 2021 година. Што значи дека лицата ткн. попишани во држави како Италија, Швајцарија, Германија и други нема да бидат дел од дигиталната алтка балансер за вработување во Македонија, изјави Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација

Одлуката за менување на формулата за балансер преставува директен напад на првинципот на правична застапост, што е еден од главните столбови на Охридскиот договор, реагираат од ДУИ.

Игнорирајќи ги последните податоци од пописот кои покажуваат дека Албанците сочинуваат 29,5 отсто од населението, оваа влада одлучи да го врати процентот под 25 отсто, врз основа на пописните податоци од пред 20 години. Оваа акција претставува директен напад на принципот на правична застапеност, еден од главните столбови на Охридскиот договор. Во меѓувреме, губитниците на изборите и партнерите на Стоилковиќ, заробени и немоќни, немо набљудуваат, но и активно придонесуваат за секојдневно деградирање на положбата на Албанците, се наведува во соопштението на Демократската Унија за интергација.

Андоновски пак,  најавува дека ќе се бара начин како да не се повреди темелниот принцип на Уставот, соодветна и правична застапеност на заедниците, а во исто време гарантирање на мериторноста, ефикасноста квалитетот, образованието и искуството, а  не етничкиот предзнак.