ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска неформално позната по „од утре да го нема“, нареди да ги нема 100 вработени во Водовод
Градоначалничката Данела Арсовска своите фрустрации не треба да ги истура врз недолжни луѓе вработени во ЈП Водовод и Канализација – Скопје. Најавата за отпуштање на 100 лица, од кои дел се наследени од претходното раководствo и работат чесно веќе две па и повеќе години е крајно бесмислен и неразумен потег. Арсовска неформално позната по реченицата “од утре да го нема“ нареди да ги нема 100 вработени во ЈП Водовод и Канализација, оставајќи без работа и без егзистенција. Можеби нервозата на градоначалничката е резултат на извештајот на ЕИБ, кој ги негира нејзините обвинувања и потврдува дека тендерската постапка за изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Скопје е водена правилно. Но нејзините лични чувства не смеат да бидат причина да им се осветува на вработените во јавното претпријатие.
Впрочем за тоа дека Арсовска не е во право говорат и апелите на гранковите синдикати при ССМ, особено ако се има предвид економската состојба во која се наоѓа државата и егзистенцијата на 100 семејства од платата во ЈП Водовод и Канализација.
Патем инспекцискиот надзор од пред два месеци направен од страна на Државниот инспекторат за труд во јавното претпријатие увидел кристално чиста состојба, што само покажува дека овие 100 лица совесно и одговорно си ја вршеле својата работа. Оттука сметаме дека Арсовска треба да се вразуми и своите битки да не ги води врз грбот на граѓаните.
Скопје и граѓаните од неа очекуваат работа, проекти и модерно Скопје, а не нервозни реакции на градоначалничката. Таа треба да ги исполнува своите ветувања за кои е избрана и за кои е платена од народни пари.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Кривична против две лица, поради обид за убиство и насилство во Кочани
-
Брнабиќ: Здравствената состојба на Вучиќ е сериозно нарушена, примен е на ВМА
-
Зеленски: Киев не може да ја „гарантира безбедноста“ на светските лидери при посета на Москва
-
Пентагон: Украина доби можност да обучува и одржува борбени авиони Ф-16
-
Антонели ја освои пол-позицијата во квалификациите за ГН на Мајами
-
Дваесет и еден кандидат за нов македонски судија во Судот во Стразбур
-
Три лица осомничени за тешка кражба од казино во Бутел
-
Кавадарчанец фатен во обид за земе пари од каса во продажен објект