Владина делегација положи цвеќе во спомен на загинатите бранители кај Љуботенски бачила
Делегација од Кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, предводена од Цветанка Ласкова, советник во Кабинетот на премиерот, денеска положи цвеќе на споменикот во село Љубанци, во спомен на загинатите припадници на Армијата на Република Македонија кај месноста Љуботенски бачила во 2001 година, соопшти владината служба за информирање.
Владината делегација положи цвеќе и на спомен обележјето во касарната „Илинден“, во чест и спомен на загинатите кај Љуботенски бачила кои беа припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје.
На 10 август 2001 година, воено товарно возило на АРМ на патот кај месноста Љуботенски Бачила нагази на две противтенковски мини.
Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Драган Ѓилас, претседател на ССП и лидер на опозицијата во Србија
-
„Имаше експлозија и голема поплава“, сведочат граѓани за пукањето на водоводната цевка во Влае
-
Мега паркови и еко-мерки дел од ветувањата од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ
-
Филипче: Власта ги злоупотребува државните институции во кампања
-
Ветувања за подобра инфраструктура во скопски Чаир
-
Предизборна кампања на независните кандидати и помалите партии
-
Фон дер Лајен на 15 октомври во Скопје
-
Васил Јованов бара поблага казна, обвинителството очекува повисока