Владата го поздрави барањето на челниците на ЕУ за старт на преговори со Македонија и Албанија
Владата на Република Македонија денеска го поздрави писмото што претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, неговата наследничка, Урсула Фон Дер Лејен и претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли го испратија до земјите членки на ЕУ, со кое бараат започнување на пристапните преговори за членство во Унијата со Македонија и Албанија.
– Писмото претставува афирмација за реформските политики кои оваа Влада ги спроведува и е уште поголем поттик во нашата работа за обезбедување на сигурна и европска иднина за граѓаните на Република Македонија, се наведува во реакцијата на Владата.
Во писмото челниците на ЕУ потсетуваат дека земјите членки се заложија во јуни да се навратат на прашањето и да донесат суштинска одлука по ова прашање во октомври.
– Европската Унија стои пред стратешки избор. Одлуката за почеток на преговори со Македонија и Албанија е тест за способноста на Унијата да ги испорача своите ветувања и да гледа кон иднината, пишуваат европските челници.
Писмото до земјите членки се осврнува на улогата која ЕУ треба да ја одигра на глобалната сцена како и во заштитата на сопствените интереси. Во тој контекст, пишуваат тие, треба ЕУ да преземе чекор кон оние земји кои се заинтересирани за членство во ЕУ и кои ги исполниле критериумите за отпочнување на преговарачкиот процес.
– Македонија и Албанија го направија тоа што го побаравме од нив. Исполнувањето бараше значаен напор од нивните граѓани за кои европската перспектива е голем извор на мотивација и решителност, пишуваат лидерите на ЕУ во поисмото.
Тие признаваат дека нема гаранција за успех во преговарачкиот процес и дека голем реформски напор ќе биде потребен за овие земји да станат полноправни членки. Паралелно, се истакнува во писмото, внатрешната реформа на ЕУ ќе треба да се продлабочува.
– Веруваме дека сега е време да се отворат пристапните преговори со двете земји, стои во писмото.
Одлуката за почеток на преговори за Албанија и Македонија ЕУ треба да ја донесе на 15 октомври.
Ново на Сител
-
Чаби Алонсо: Сега имаме 10 бода, три натпревари пред нас и се е во рацете на Баер
-
По информациите дека доживеал срцев удар, Таравари соопшти дека колабрирал и завршил во болница
-
Фон дер Лајен: Ќе ги поддржуваме кандидатите за членство на нивниот пат кон ЕУ се додека не бидат подготвени да ни се приклучат
-
Арсовска повторно не се појави на седницата за советнички прашања
-
80-годишен битолчанец се самозадоволувал на тераса пред 42-годишната сосетка
-
Фон дер Лајен: Европската Унија мора брзо да ги зголеми трошоците за одбрана
-
Свечена церемонија по повод 55 години од формирањето на Одделот за воздухопловни единици при МВР
-
Фрлени две рачни бомби во дворот на полициската станица во Звечан во северно Косово