-->
-->
Виница ќе гради акумулација и мини хидроцентрала на Градечка река
-->
Трајното решение за квалитетно водоснабдување на Виница и околните населени места Градец и Лески општина Виница е во изградба на мини акумулација и мала хидроцентрала на Градечка река, чиј воден потенцијал во текот на целата година е мошне голем, информира денеска Игор Спасевски, директор на ЈКП„Солидарност“.
- За оваа цел Управниот одбор на ЈКП„Солидарност“ од Виница донесе одлука за започнување на постапка по пат на јавно-приватно партнерство да се градат овие два капитални објекти. Мнозинска поддршка дојде и од Советот на општина Виница на последната седница на Советот, изјави Спасевски.
Согласно проектната документација која општина Виница веќе ја подготви приватниот инвеститор ќе треба да изгради цевковод во должина од 3.450 метри со што остатокот од водата од главниот цевковод ќе го транспортира до МХЕЦ Виница, додека со пластичен цевковод во должина од 90 метри ќе ја враќа водата во Градечка река.
- Бенефитот од оваа инвестиција за жителите од општина Виница ќе биде моше голем. Ќе се нормализира водоснабдувањето во градот и населените места Градец и Лески, а површините кои се наводнуваат по течението на Градечка река ќе имаат доволни количини на вода за наводнување, изјави Емил Дончев, градоначалник на општина Виница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Панел дискусија: Корупцијата во Македонија го попречува патот кон ЕУ
-
Народниот правобранител апелира најитно да се донесе ново законско решение за „балансерот“
-
Трговците ќе мора да ги ажурираат цените на интернет секое утро до 10 часот
-
Кои државни институции го полнат буџетот?
-
Туризмот, образованието и инфрастуктурата - фокус на соработка со Обединетите Арапски Емирати
-
Преглед на вестите од светот
-
ДКСК бара ревизија на законите за издавање лиценци
-
Панел дискусија: Борба против корупцијата - иновации против нелегалната моќ