Македонија
15. April 2025 - 12:24
ДКСК бара ревизија на законите за издавање лиценци
Државната комисија за спречување на корупција бара прецизирање на законите со кои се уредува издавањето лиценци за угостителски објекти. По трагедијата во Кочани, ДКСК самоиницијативно ги проверила законите за инсепкциски надзор, угостителска дејсност и Законот за заштита и спасување и пронашла низа пропусти. Недоречености, нејасни правила, судир меѓу законите и недозволени дискрециони овластувања се дел од забелешките на антикорупционерите. Ги повикаа надлежните институции да направат ревизија и измени на законите.
-->
-->