Вештак во ,,Монструм”: Има неточни податоци во вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир

Поранешно надворешно обезбедување на МРТВ, сегашен инспектор за општ криминал во СВР Тетово, Арменд Ганиу, денеска сведочеше во случајот ,,Монструм”, како лице кое во 2012 на денот на убиството во Смилковско Езеро, разговарало со негови блиски да дознае нешто повеќе на настанот.
– Преку врска слушнав дека нешто се случило во Бутел. Потоа му се јавив на Фадил, бидејќи тој во тоа време беше близок со Мендух Тачи, и тој не знаеше. Јас бев збунет и затоа му се јавив, рече сведокот Ганиу.
Свое повторно сведочење за овој судски предмет денеска имаше и вештакот Снежана Николовска, кој за разлика од претходниот пат сведочеше за нејзината лиценца.
– Немам лиценца за вештачење на земја, затоа што не постои таква лиценца. Имам лиценца за вештачење во Хемиска лабораторија, за микро траги, огнено оружје, земја, текстилни влакна и за деривати. Лиценца за гласи во мое име. Не се сеќавам дали сум поседувала лиценца кога е извршено вештачењето, наведе вештакот Николовска, која додаде дека ги чува сите примероци од вештачената земја.
Таа уште истакна дека во овој случај правела исклучок и сама била на местото Враживир (каде е најдено возилото ,,Опел Омега”) да земе примерок од земјата.
Николовска рече и дека вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир има неточни податоци.
– Елементарниот состав на земјата и гранулатот се вишок, јас ги ставив, рече Николовска, по што следеше прашање на обвинителката Фатиме Фетаи дали е свесни дека е ова е лажен документ, и по чија наредба го направила тоа.
– Не е по никоја наредба. Немам објаснување, рече вештакот Николовска.
Нејзиниот распит за денешното рочиште денеска заврши, со одлука за следните пет дена да достави дополнителни списи од вештачењето и примерок од лиценца за вештачењето.
Ново на Сител
-

Ќе има ли прегрупирање на гласови во вториот круг?
-

Тема на денот со Александар Трајановски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Аеродром
-

ДУИ прогласи победа на локалните, бара предвремени избори - ВРЕДИ за 2 круг ќе остават гласачите сами да одлучуваат
-

Со булдожери се чисти ѓубрето низ Скопје, Комунална хигиена се прави дека не ги гледа
-

ИЈЗ: Стабилна е епидемиолошката состојба - нема зголемен број на болни поради отпадот по улиците во Скопје
-

Проекти и ветувања на кандидатите кои влегоа во втор круг во трка за градоначалнички функции
-

Неврологот Игор Кузмановски ќе добие лиценца откако ќе помине обука со ментор и ја докаже стручноста
-

Удар врз металската индустрија од новата давачка од Унијата – „Загадувачот плаќа”
