Македонија
24. October 2025 - 21:19

Ќе има ли прегрупирање на гласови во вториот круг?

Дали вториот круг од локалните избори може да донесе нови коалиции и прегрупирање на гласовите, надвор од претходно договореното за гласање на 19 октомври?

По прозивката на Мицкоски дека секоја акција, како онаа на коалицискиот Касами за Кичево, има и рекција, денеска лидерот на БЕСА со посмирувачки тонови, остава гласачите сами да одредат за кого ќе гласаат. Аналитичарите велат, дека Касами ги посакува македонските гласачи на ВМРО-ДПМНЕ, но сака тоа да биде тивко за да нема реакции кај своите порадикални гласачи, но исто така знае дека засега Вреди на овие избори нема испорачано доволно за ВМРО-ДПМНЕ. 

Вреди, ќе треба да испорача на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, ако сака да ги очекува гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово, Гостивар, Струга и Дебар, каде во 2 круг има кандидат на Вреди со ДУИ или со независни кандидати.

Гласовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат клучни и за Лабудовиќ од ЗНАМ во Центар доколку сака да го помине Герасимовски од СДСМ. Фаризи вели дека оваа поддршка е извесна, но не е сигурен дека е доволна. За пресврт на Лабудовиќ ќе требаат гласовите на независните. 

Коалицискиот капациет на СДСМ, ДУИ и Левица е далеку помал. Тие имаат можност да дадат гласови единствено во Карпош, за да да му обезбедат водството на Стевчо Јакимовски. Левица иако сака да се доближи до СДСМ за да добие екстра гласови за Мециновиќ во Скопје, тоа нема да биде доволно.

Партиите имаат уште една недела да ги убедуваат своите гласачи, но и да влезат во меѓупартиски договори пред конченото гласање на 2 ноември кога се заокружуваат локалните избори.