Велигденски хепенинг во Ресен

На градскиот плоштад „Цар Самоил“ во Ресен денеска во пресрет на велигденските празници се одржа традиционалната манифестација „Велигденски хепенинг“.
На манифестацијата учествуваат повеќе стотина ученици од петте основни училишта и од детската градинка „11 Септември“ кои на повеќе од 30 штандови ги претставија преспанската традиционална велигденска храна, велигденските јајца и украсните декорации.
Во рамки на манифестацијата се одржа и ликовна работилница на тема „Велигден“ на штандот на Домот на културата, а програмата беше збогатена со културно-забавна програма со солистички настапи на деца од регионот и на хорот „Рибарчиња“ од Охрид.
Најинтересна беше маскотата во вид на јајце на која над 500 граѓани имаа можност да закачат ливче со желба и порака.
- И оваа година, Општина Ресен во соработка со Домот на културата ја продолжува традицијата за организирање на оваа манифестација која е омилена меѓу граѓаните бидејќи во неа сите се активни учесници од децата, нивните родители, бабите и дедовците се до самите училишта, што само по себе на манифестацијата и дава еден силен локален карактер. Традиционално, со оваа манифестација ги започнуваме и велигденските празнувања во Преспа кои отсекогаш биле синоним за јакнење на духовните и семејните вредности во Преспа, изјави градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски.
Манифестацијата ја организира општина Ресен во соработка со Домот на културата „Драги Тозија" од Ресен.
Ново на Сител
-

Неизвесна судбината на Лукоил во Европа
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Тема на денот со Јане Војаџиевски, новинар од Вашингтон
-

Тема на денот со Мирјана Пантиќ, универзитетска професорка од Њујорк
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Ремонт на градски воз
-

Даме Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ избран за нов претседател на советот на Град Скопје
-

Скопје се чисти, а од понеделник нови 55 приватни автобуси ќе возат низ градот
