Утрово најстудено во Берово
Утрово е најстудено во Берово, -6 степени, а максимални 2 степена се измерени во Дојран.
Според УХМР, до 08:30 часот температурата е -4 во Битола, -3 во Скопје-Петровец и Струмица, -2 во Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Демир Капија и Гевгелија, -1 во Маврови Анови, Охрид, Претор и Штип, 0 во Скопје-Зајчев Рид и Куманово, како и еден степен во Виница, Крушево и Попова Шапка.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 18 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, попладне повремено и засилен ветер од југоисточен правец, а максималната температура ќе достигне 16 степени.
Ново на Сител
-
Технолошки парк „N99“ почетокот на една нова ера
-
Земјоделието и младите
-
Преглед на вестите од светот
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци, Могила и Битола
-
Предизборен карван на СДСМ во Дебарца, Вевчани, Струга и Охрид
-
Тема на денот со Горан Герасимовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Одобрено обвинението за пожарот во Пулс