Утре е Задушница, денот кога мора да им се запали свеќа на покојните
Се верува дека свеќата запалена на овој ден гори сè до следната Задушница. Исто така, постои верување дека ако на Задушница не се запали свеќа, мртвите една година ќе бидат во мрак.
Црквата и верниците денеска ја одбележуваат Задушница. Таа секогаш паѓа во сабота, бидејќи Исус Христос тој ден, спроти воскреснувањето во недела, го поминал упокоен. Задушница е ден кога православните верници ги посетуваат гробовите на најблиските, даваат помен и палат свеќа. Сеќавајќи се на покојните предци, верниците на овој ден се молат на Бог за простување на гревовите и за предците.
Православната црква во текот на годината одбележува четири задушници, есенски, летни кшто се споени со Духови, спроти големиот велигденски пост и зимски.
На Задушница во црквата се служи парастос, а по службата се посетуваат гробовите на најблиските, каде што се пали свеќа и се чита молитва. Кој не може да одите на гробот на најблиските, свеќа пали во црква.
Се верува дека свеќата запалена на овој ден гори сè до следната Задушница. Исто така, постои верување дека ако на Задушница не се запали свеќа, мртвите една година ќе бидат во мрак.
Според верувањата, на Задушница не се работи, чисти и пере, не се работи ништо со волна, а не треба да се користат ниту ножици и игли.
Овој ден се посветува на мртвите, а не на живите.
Ново на Сител
-
Трибина „Кочани е нашиот приоритет“
-
Децата во Македонија имаат 900 часови помалку од европските врсници
-
Владата започна со презентирање на оперативен план за активни програми и мерки за вработување низ општините
-
Шест нови сензори ќе го мерат загадувањето во Струмица
-
Црвен Крст Охрид почна со регрутација на нови кандидати за спасители на вода
-
Голем дефект на прилепскиот хидросистем го остави полето без вода
-
Преглед на вестите од светот
-
Извештајот на Вајц е победа за македонската дипломатија