Македонија
5. јуни 2025 - 12:19

Црвен Крст Охрид почна со регрутација на нови кандидати за спасители на вода

И ова лето за безбедноста на плажите долж охридското езеро ќе се грижат спасителите на вода. Започнa регрутацијата на нови кандидати ,од Црвениот крст се надеваат на поголем одзив бидејќи интересот како што велат последните години е многу слаб, а уште послаб е интересот кај концесионерите на плажите за ангажирање спасители. 

Oд Црвениот крст апелираат до младите да не ја пропуштаат оваа можност да се обучат за спасители на вода, како благородна и хумана професија.

Во Центарот за безбедност на вода, во последните 15 години обучени се над 700 спасители на вода, а од нив активни се само 15.