Loading Video...
Свет
5. јуни 2025 - 12:17

Преглед на вестите од светот

Во напад со дронови на Харков повредени 18 лица

Руската војска втора ноќ по ред изведува ракетни напади врз Харков. Во нападот со дронови на стамбените згради повредени се 18 луѓе, извести градоначалникот Игор Терехов. Инаку, Русија и Украина продолжија да разменуваат оган по фронтовските линии и покрај извештаите за скромен, но конкретен напредок во мировните преговори во Истанбул.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека неговите сили одбиле повеќекратни напади на украинската армија во Суми, Харков, Донецк, Запорожје и други области и започнале повеќекратни офанзиви, преземајќи ја контролата врз населените места во регионите Суми и Донецк. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека уривањето на мостовите во регионите Брјанск и Курск што граничат со Украина е резултат на терористички напади, нагласувајќи дека тие биле насочени кон цивили.

Од украинска страна истакнаа дека руската армија продолжува со напади од мал обем за да изврши притисок во граничната област Суми. Во зоната на фронтот се воделе 178 битки и дека украинските трупи нападнале руски воен персонал, оружје, воена опрема и складишта за муниција.

Телефонскиот разговор Трамп - Путин траеше 75 минути

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин синоќа разговараа по телефон за украинскиот напад со беспилотни летала врз руските аеродроми во текот на викендот и иранското нуклеарно прашање.

Путин го информирал Трамп за резултатите од преговорите меѓу Русија и Украина во Истанбул, како и за обидите на Украина да ги саботира преговорите и нејзините напади врз руските цивилни објекти за време на преговорите. Пишувајќи во својата објава Трамп истакна дека за време на 75-минутниот телефонски повик, Путин изјавил дека Русија ќе одговори за нападот на Украина врз неколку руски аеродроми на 1 јуни.

Фон Дер Лајен најавува нов пакет санкции на ЕУ кон Русија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Европската унија е подготвена да воведе санкции против рускиот претседател Владимир Путин истовремено со САД, со цел да изврши притисок врз него во мировните преговори.

ЕУ моментално го подготвува 18-от пакет санкции против Русија, а според фон дер Лајен, фокусот е на рускиот енергетски сектор и прекинувањето на изворите на руско финансирање. Се очекува санкциите да вклучуваат мерки против компании поврзани со двата гасовода „Северен поток“ меѓу Русија и Германија.

Инцидент во Бугарскиот парламент

Инцидент меѓу бугарските пратеници за време на парламентарната седница откако Европската комисија го одобри влезот на земјата во еврозоната следната година, воедно предизвикаа протести на крајно десничарската Партија на преродбата пред парламентот во Софија. Илјадници демонстранти, со бугарски знамиња и скандира „не на евроколонијата“. Во собранието, пак тензиите ескалираа откако пратениците на Преродбата ја блокираа говорницата. Бугарија ќе стане 21-та земја што ќе се приклучи на зоната на единствена валута.