Унгарија го затвори и воздушниот простор над границата со Србија
Унгарија денеска го затвори воздушниот простор во длабочина од 20 километри од својата граница кон Србија, до височина од 1.350 метри, соопшти унгарското Министерство за транспорт.
Ваквата мерка е воведена со цел да се овоможи безбедно користење на овој дел од унгарскиот воздушен простор од страна на полицијата, војската и службите за брза помош при справувањето со бегалската криза, се наведува во соопштението.
Според Министерството, затворањето на воздушниот простор, што ќе биде во сила до следната наредба, нема да влијае врз меѓународниот воздушен сообраќај.
Унгарија денеска ја затвори и границата кон Србија со цел да спречи влез на имигранти на нејзина територија, по што доцна попладнево започна да пропушта бегалци во помали групи преку официјалниот премин на унгарско-српската граница Хоргош 2.
Ново на Сител
-
Андоновски: Очекуваме до следната година Македонија да добие бесплатен роаминг во ЕУ
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика
-
Николоски од Лондон: Со Велика Британија сериозно сме посветени на реализација на договорот влада со влада
-
Се заканува ли епидемија од сметот во Скопје?
-
Само еден глас пресуди да станат градоначалници
-
Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советници, има апсолутно мнозинство во локалната власт
-
Мециновиќ бара јавен дуел
-
Камиони, пари, станови и земјиште – замрзнат e имот на бизнисменот Марковски осомничен за злоупотреби во РЕК „Битола“