Украина најавува воведување на економски пасоши
Претседателот на Украина Володимир Зеленски на 6 декември оваа година поднесе до Врховната Рада (парламентот) на Украина предлог-закон за воведување на „Економски пасоши“ на Украинци. Во говорот пред парламентот во кој го најави воведувањето на економските пасоши, Украинскиот Претседател рече дека секое украинско дете ќе добие процент од користење на подземните богатства на државата, и истакна дека Советот за национална безбедност и одбрана започна целосна ревизија на вкупните подземни суровински ресурси и нивните корисници.
Ветување за воведување на економскиот пасош имаше и во изборната програма на украинскиот претседател.
Документот предвидува отворање на персонални сметки на децата на украинските граѓани каде ќе се акумулира надоместок за користење на природните ресурси од подземјето на државата. Кон тие средства ќе се додава и надоместок од издавање на државно земјиште.
Клучната точка на претседателскиот предлог-закон е создавање на „Фонд за идните генерации“. Од Кабинетот на претседателот појаснија дека средства на членовите на Фондот ќе се формираат од буџетски средства добиени од закупнината за користење на подземјето за екстракција на минерали од национално значење, нафта и природен гас, а исто така и приходи од понатамошно инвестирање на средствата на учесниците на Фондот.
Основа за финансирање на овој проект-закон треба да биде закон со кој се зголемува надоместок за користење на подземјето на Украина за екстракција на природни суровински ресурси.
Предвидено е дека овие приходи во буџетот на државата за 2022 година ќе изнесуваат 69 милијарди гривни (приближно 2,6 милијарди долари САД).
Првите исплати врз основа на новиот закон ќе можат да ги добијат децата родени во 2019 година после достигнување на полнолетство. Во моментот на првите исплати во 2037 година, се очекува фондот да изнесува 1832 милијарди украински гривни (околу 68 милијарди долари САД) вклучувајќи ги државните придонеси и приходите од инвестиции од пласманот на средства во државни хартии од вредност. Парите ќе можат да се искористат за студирање во образовните институции на Украина, купување на стан или куќа на територијата на Украина, за приватно пензиско осигурување, лекување (по достигнување на осумнаесетгодишна возраст).
Средствата коишто ќе се акумулираат на „Економскиот пасош на граѓанинот“ можат да се искористат и пред достигнување на неговото полнолетство. Тоа може да се направи само под услов доколку кај детето е диагностицирано тешко заболување (рак, миокарден инфаркт, трансплантација на витални органи и други критични заболувања), за коешто лекување не е целосно покриено од државниот фондот за здравство.
Средствата на Фондот ќе се чуваат во државна банка која има дозвола да поседува средства на пензиски фондови. Се утврдува годишниот државен придонес по еден учесник на Фондот во висина од две минимални плати заклучно со 1 јануари во соодветната календарска година.
Истовремено Володимир Зеленски достави до парламентот на Украина релевантни проект-закони кои треба да го регулираат спроведувањето на државните придонеси во системот на економските пасоши, ослободувањето од оданочување на средствата собрани во корист на учесниците на Фондот, како и прашања поврзани со повреда на интересите на Фондот.
Ново на Сител
-
Успение на Пресвета Богородица - стотици верници со собраа во манастирот кај Матка
-
Мицкоски: Растот на нето-платата сега е двојно поголем во однос на периодот на владата на СДСМ
-
Стружани бараат возобновување на црквата
-
Мицкоски: Опозицијата ќе биде поразена, од ДУИ велат, тој испраќа пораки за затоплување на односите
-
Во земјата се потребни повеќе центри за менаџирање на дебелината
-
Сејф сити - Систем активен во Словенија, наскоро и во Македонија
-
Преглед на вестите од светот
-
Православните верници го слават празникот Успение на Пресвета Богородица