Убиство во Италија - фудбалски судија и неговата девојка 60 пати избодени со нож
Италијанската спортска јавност беше шокирана по бруталното убиство на фудбалскиот судија Даниеле де Сантис и неговата девојка. Де Сантис заедно со девојката беа убиени во нивниот стан во Лече, избодени до смрт од непознат сторител по кој полицијата се уште трага.
Излегоа нови детали околу убиството на двојката, пренесуваат италијанските медиуми. Иако Де Сантис немал непријатели, дополнителната истрага покажала дека сторителот бил посебно суров во извршувањето на злосторството. Се претпоставува дека е можно да имало повеќе извршители кои употребиле месарски нож.
„Аутопсијата покажала дека се направени околу 60 убоди со нож. Раните одговараат на месарски нож. Анализата на телефоните и компјутерите на убиената двојка, но и снимките од надзорните камери треба да и помогнат на полицијата во пронаоѓањето на злосторникот“, пишува италијанска „Ла република“.
Де Сантис, судија и со меѓународен знак, главно ги делеше натпреварите од Серија Б и од Серија Ц во италијанскиот фудбал.
Ново на Сител
-
И годинава ниеден македонски универзитет не се најде на Шангајската листа
-
Македонија шеста во светот по странски инвестиции според големината на економијата
-
Премиерот најави казни против маркетите и мерки кај услугите
-
Муцунски: Каква и да е одлуката на Уставен, нема да влијае на преговарачката рамка
-
Уште една бурна ноќ во Србија - 114 приведени, 75 повредени полицајци
-
Активни два пожара - Јасен и Јегуновце
-
Во касарната Јане Сандански - Штип презентирани нови 29 лесни оклопни возила - JLTV од САД
-
Охрид и Струга нудат услови за конгресен туризам