Македонија
15. July 2024 - 16:33

Турските воздухоплови слетаа во Македонија: Помош очекуваме и од други земји за гаснењето на пожарите

Два турски ер трактори и еден хеликоптер утрово слетаа на скопскиот аеродром во Скопје. Тие веќе се на терен и учестуваат во гаснењето на пожарите во Македонија. Хеликоптери ќе испрати и соседна Србија, потврди српскиот вицепремиер.

„Сè уште не сме го добиле официјалното барање, но разговаравме на телефон. Побараа од Северна Македонија да им помогнеме да го изгаснат пожарот. Слични барања има и од Република Српска. Мислам дека имаме доволно капацитет за помош во двете држави истовремено, во хуманата акција за гасење пожари“, изјави Дачиќ за српските медиуми.

Премиерот Мицкоски уверува дека воздушна поддршка ќе пристигне и од Словенија и Црна гора. Македонија бара воздухоплови, оти опасните пожари кои дивеат се  непристапни за гасење од копно.

Христијан Мицкски, премиер тонско: За ден два ќе се изгнаснат пожарите, граѓаните да бидат спокојни.

Најкритично е на Серта. Таму пожари дивеат на четири точки, а надлежните шестти ден се борат со пламените јазици. Евакуирани се и жители од селата каде има опасност пожарот да се прошири.

Предизвик е и пожарот во Ново Село, во непосредна близина на границата со Бугарија, на планината Огражден.

Илија Бојаровски, тонско: Кажува нешто за Серта

Oд денеска има и целосна забрана за движење во шумите. Кој ќе отиде да прошета во шума, треба да биде спремен да плати казна од 1.500 до 2.000 евра.

Во Македонија е прогласена кризна состојба во времетрање од 30 дена поради зголемената појава на пожарите. Ова во пракса овозможува во гаснењето на огнените стихии да се приклучат полициски службеници и припадници на армијата.