Македонија
20. August 2024 - 16:37

Анализа: Дали со одземањето на ингеренциите на Арсовска врз јавните претпријатија ќе се реши проблемот со нивното функционирање?

Пред да се размислува за одземање на ингеренциите на Арсовска врз Комунална хигиена и Паркови и зеленила, треба да се создаде силна рамка за контрола, отчетност и мониторинг на  јавните претпријатија во Скопје, сметаар експертите. Потребно е системско решение за да се подобри функционирањето на јавните претпријатија, оти не само во Скопје, туку во поголемиот дел во државата, се во катастрофална состојба.

Во град Скопје може сериозно да се размисли за тоа кои општини овие услуги да ги обезбедат сами. 05.

Предлогот на градоначалниците за двете јавните претпријатија да се поделат на општините и секоја сама да си чисти и уредува, професорот ја гледа како добро привремено решение. Барањето е старо повеќе од 15 години, а законот зрел за промена.

Борче „Не би рекол одземање, него пренасочување на ингеренциите....јас би рекол законот е зрел за промена и може да се дискутира, пример град скопје нуди услуга, општините купуваат, ако немаат пари не купуваат чиста раббота

Градоначалниците и по средбата на Перински со градоначалничката, се песимисти дека Арсовска до четврток ќе излезе со нов конкретен план за решавање на проблемите со сметот во Скопје, и стојат на ставот дека треба да и бидат одземени надлежностите.

Скопјани со месеци мака мачат со преполни контејнери и неискосени зелени површини покрај Вардар. А на социјалните мрежи постојано кружат фотографии и видеа на кои се прикажува колку градот е нечист.