Македонија
20. August 2024 - 16:33

Почна испораката на учебници за основно и средно образование

На две недели пред стартот на учебната година почна испораката на учебниците за основно и средно образование. Учениците од прво до деветто одделение ќе ги почнат часовите со нови учебници по сите предмети, освенн оние за странски јазици. Како што најавија од Министерството за образование се испорачуваат учебниците и за средношколците, годинава се испечатени и нови 160 учебници за средното стручно образование.

Министерката за образование Весна Јаневска со апел до директорите на училиштата да бидат подготвени за приемот и сите деца да добија учебници до 2 септември.

Училиштата ја примиле насоката од МОН и веќе ги подготвуваат комплетите учебници. Во скопското училиште Кузман Јосифовски Питу, доставени се веќе учебниците за првачињата и второ и трето одделение. Според директорот Стојанов пристигнати се и учебници и седмо одделение.

Останува нерешен проблемот со учевниците по странските јазици. Постапката е поништена и во моментот се одлучува по приговорите. Но , од МОН уверуваат дека до почетокот на следната учебна година , ќе се обезбедат и овие учебници.