Македонија
20. August 2024 - 16:34

Тошковски потврди: Гаши со сватовите поминал без контрола на граница

Без гранична контрола спикерот Гаши го поминал граничниот премин кон Косово со службените возила и обезбедување, обвинуваат од СДСМ. Брзата лента на Гаши според опозициската партија ја искористиле и други возила што патувале на истата свадба.

Сите возила, на Гаши, на неговото обезбедување и приватните возила биле пропуштени без конотрла.  Според информациите кои ги добивме, поворката пред да ја помине границата била паркирана на една бензинска станица во близина на границата. Потоа, сите возила заедно, вклучително и приватните возила, поминале на лентата за камиони, односно товарен траспорт без да бидат застанити.  Да биде скандалот уште поголем, во возилата каде се што се возело обезбедувањето на Гаши, имало и дел од сватовите односно приватни лица што е законски недозволено. Ова значи, дека границата со Блаце била целосно приватизирана за потребите на Гаши и тоа со амин на МВР и одговорните службеници. Со ова е нарушена безбедноста на државата и проверката на патници која е задолжителна со закон. 

Веднаш по ваквите обвинувања, министерот за внатрешни работи Тошковски на Фејсбук потврди дека поминувањето на Границата, ниту Гаши ниту неговото семејство биле заведени на преминот како патници што ја напуштиле државата, а пропуст има и при заведувањето на други возила и лица. Тошковски најавува одговорност за раководителот на смена на граничниот премин.

Граничниот премин на 18.08.2024г. во период од 18:40 часот до 18:42 часот го поминале шест возила под полициска придружба од кои три полициски и едно ВИП возило…. Со извршените контроли во Системот за контрола на патници и возила утврдено е дека носителот на делегацијата, како и членовите на неговото семејство кои биле најавени дека ќе остварат излез, не евидентираат во системот за контрола на патници и возила. Исто така констатирано е дека не е целосно запазена процедурата на евидентирање на сите лица и патници кои поминуваат на граничниот премин во системот за контрола на патници и возила“, стои во објавата на министерот

Тошковски појаснува дека Гаши претходно законски го пријавил своето патување во МВР, а немало пропусти и во тоа што границата ја поминал за само две минути бидејќи тоа го бара обезбедувањето на ВИП личности.

Сепак, од коалицијата Вреди и денеска во одбрана на Гаши.
 „ го повикуваме СДСМ да одговори, зошто не реагираа на ист начин кога Зоран Заев и Венко Филипче возеа моторцикли, надвор од границите на Северна Македонија, во придружба на државно обезбедување? Дали тогаш тоа беше за нив етички и безбедносен протокол согласно законот или скандалозно однесување, како што сега тврдат? Африм Гаши со своето семејство уредно ја поминал границата и тој никогаш не поминувал ниту еден граничен премин пешки, како некој други!“, стои во

Од третиот владин партнер ЗНАМ пак, повоздражни за случајот имајќи пред вид дека Вреди и ЗНАМ имаат поладни односи во коалицијата., а лидерот на партијата Димитреивски вели дека во Владата ти се партнер само на ВМРО-ДПМНЕ.
сепак тие се партнер на нашиот партнер, го почитуваме тоа, но, ќе мора да направат корекција на самите себеси. Мислам дека е погрешно да го имитираат ДУИ, бидејќи ДУИ е веќе видена работа и едно минато.

Во меѓувреме, покрај снимката со службените возила среде свабарската колона на Косово, излегоа и снимки од Гаши на самата свадба.

Ова е втор случај за помалку од еден месец во кој МВР излегува со утврдени пропусти при постапувањето на Гаши и неговата придружба. Пред три недели МВР поденесе кривична пријава за шефот на обезбедувањето на Гаши бидејќи се закануваше на скошпскиот аеродром во корист на косовската претседателка Османи.

Гаши веќе има и интерпелација од опозциската Левица. Собрнаискиот спикер, согласно новиот ДЕловник, веќе закажа седница за неа на 3 септември.