Турските власти издадоа налози за апсење на 47 опозициски функционери, досега приведени 28
Турските власти издадоа налози за апсење на неколку опозициски функционери во Истанбул и извршија рации во општини управувани од опозицијата, објавија денес државните медиуми.
Агенцијата Анадолија и телевизијата НТВ објавија дека се издадени 47 налози за апсење и дека досега 28 лица се приведени во четири одделни истраги за наводна корупција.
Полицијата изврши рација во општинските згради, што ја поттикна главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) да свика итен состанок во Истанбул.
Акцијата е дел од поширока кампања против ХЦП, чиј член е градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој е во затвор од март, потсетија британските медиуми.
Имамоглу, главниот политички ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и потенцијален претседателски кандидат, е обвинет за корупција и соработка со терористичка организација, обвиненија што тој категорично ги негира.
Неговото апсење предизвика протести во земјата и меѓународна осуда.
Оттогаш, уапсени се десетици членови на ЦХП, како и функционери од неколку општини предводени од оваа партија.
Меѓу најновите приведени се поранешниот пратеник на ЦХП, Ајкут Ердогду, градоначалниците на неколку истанбулски области, како и раководителите на општините Сејхан и Џејхан во јужната покраина Адана.
Турските власти тврдат дека судството е независно и дека истрагите се спроведуваат законски.
Меѓутоа, овие потези за опозицијата, западните влади и организациите за човекови права се политички мотивирани и насочени кон ослабување на опозицијата пред изборите.
Анкетите покажуваат дека јавната поддршка за Имамоглу се зголеми по неговото апсење
Ново на Сител
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница
-
Училиштата ќе се финансираат според реалниот трошок за образование на еден ученик
-
Нелојалната конкуренција и нерегулираниот работен статус проблеми за туристичките водичи