Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница
Повеќе од четири месеци од трагедијата во Кочани, осум повредени се уште имаат потреба од болничко лекување.
На клиниката за пластична хирургија двајцата хопситализирани се таму повеќе од два месеци откако претходно беа во Турција.
Уште еден пациент кој подолг период бил на медицински третман во Грција, сега е хоспитализиран во болницата во Кочани бидејќи се уште му е потребен болнички надзор.
-Во болницата е примен поради преврски на рани. Вратен е од Грција, понудено му е од Клиниката за пластична хирургија да биде хоспитализиран таму, но на негово барање и во договор со нас и хирурзите по пластична хирургија, ќе биде кај нас. Ќе се обавуваат редовните преврски и ќе добива антибиотик согласно антибиограм, вели д-р Катерина Мирчовска, директор на општа болница Кочани.
Рехабилитацијата на Пониква, според директорката на кочанската болница се одвива според планираното и таму повредените имаат и физикална терапија но и психолошка поддршка.
На планина ќе бидат до крајот на месецот по што ќе продолжат со вежбите на одделот за физикална медицина.
-Во понеделник се очекува четвртата група да оди на Пониква, но ќе се поклопуваат. Најголем број се од трета, четврта и петта категорија согласно категоризацијата, вели д-р Мирчовска.
Лекарите велат дека веќе има подобрување од компресивната облека што ја носат повредените а во преговори се со странски специјалисти за оние кои имаат апмутирани прсти.
Освен на Пластична и во болницата во Кочани уште двајца пациенти од трагедијата во Пулс има во Аџибадем Систина а тројца се уште се во странски медицински центри.
На 16 март во пожарот во дискотеката во Кочани животот го загубија 62 лица а 200 беа повредени.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар