Нелојалната конкуренција и нерегулираниот работен статус проблеми за туристичките водичи
Нелојалната конкуренција и нерегулираниот работен статус остануваат едни од најгорливите проблеми за туристичките водичи.
За жал се повеќе има водичи кои на лесен начин доаѓаат до сертификати, и успеваат да им ја земат работата на лиценцираните со знаење и искуство.
Иако согласно законот групите мора да бидат придружувани од локален водич сепак, може да се забележат групи само со нивни водичи кои ја испревтуваат историјата на нашата земја.
Со растењето на цените, зголемени се и услугите за прошетки по културно историските знаменитости на водичите.
Од министерството за култура и туризам најавија дека формира е работна група за унапредување на дејноста на туристичките водичи која ќе овозможи поквалитетни стандарди за едукација на стручни и професионални водичи, подигнување на квалитетот на туристичките услуги, можности за основање на туристичка инспекција која ќе ги спречи нелиценцираните водичи со што ќе се заштитат професионалците и ќе се зачува угледот на туристичката индустрија.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар