Туристичко-угостителскиот сектор утре на протест, Владата најавува шести пакет мерки
Туристичко-угостителскиот сектор утре ќе протестира пред министерство за финансии се до исполнување на нивните барања. Бараат еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти на кои повеќе од една година им е забранета примарната дејност со уредба на Влада, како и мораториум или репрограмирање со грејс период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојна банка, сè додека не почнат да работат без рестрикции.
– Секторот се наоѓа во исклучително тешка состојба и доколку итно не се обезбедат економски мерки за финансиска поддршка, ќе се соочи со целосно уништување, предупредува Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори.
Нивни претставници денеска на прес-конференција ќе ги презентираат деталите за утрешниот протест.
Кон протестот, како што најавија, ќе се приклучат и туристичките агенции кои, како што соопштија, имаат пад на прометот од 80 до 100 проценти.
Владата најави дека подготвува шестти пакет мерки за поддршка на овој сектор, а вицепремиерот задолжен за корупција и криминал Љупчо Николовски вчера на гостувањето во телевизија „Сител“ рече дека овој пакет ќе се најде на утрешната владина седница.
Ново на Сител
-
49 осомничени во акција на ОЈО ГОКК и МВР
-
Три ипол години затвор за Стевчо Јакимовски
-
Струмица ќе ѝ помогне на Кочани со кадар и искуство
-
Пет пациенти од пожарот во Кочани се враќаат од лекување од Србија
-
Палевски: Криминален ум би ја убил мајката, а не Вања
-
РЕК Битола ја исчисти недозволената количина на пепел, тврдат дека не била токсична
-
Меџити до Таравари: И со ДУИ и во Влада не штима
-
Мицкоски: Ако сакаме во ЕУ мора да го урнеме корумпираниот систем