Македонија
23. April 2025 - 19:19

Утре без вода дел од скопските општини Гази Баба и Карпош

Без вода утре од 09:00 часот ќе бидат корисниците од ул. „Благоја Стефковски“ и населбата Хиподром во Општина Гази Баба.

Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.„Благоја Стефковски“ бр.152.

Исто така, од 09:00 часот без вода ќе бидат корисниците од булеварот „Илинден“, односно потегот од „Бледски Договор“ до „Манапо“ и улиците „Драгиша Мишовиќ“, „Роберт Кох“, „Трифун Пановски“, „Радика“, „Огражден“, „Пелистерска“, „Струма“ и „Карпошево Востание“ во Општина Карпош. Прекинот е поради уличен дефект ф-200 на бул. „Илинден“ бб (во близина на маркетот „Рептил“).

Водоснабдувањето во овие населени места ќе биде прекинато до завршување со работните активности.