Свет
23. April 2025 - 20:01

Официјален Париз: Мировен договор мора да го гарантира територијалниот интегритет на Украина

Секој мировен договор меѓу Русија и Украина мора да го гарантира територијалниот интегритет на Украина, соопшти денеска Елисејската палата.

„Територијалниот интегритет на Украина и нејзините европски стремежи се цврсти барања на Европејците“, изјавија од кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон, како реакција на изјавата на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс дека „двете страни ќе мора да се откажат од дел од териториите кои моментално ги контролираат“.