Турција нема да испраќа војници во Ирак
Турција синоќа соопшти дека нема да испраќа повеќе војници во северен Ирак, во близина на Мосул, кој е под контрола на Исламска држава, откако Багдад се закани дека ќе бара од Обединети нации Анкара да ја повлече армијата.
Турција во четвртокот распореди стотици војници во близина на Мосул тврдејќи дека тоа е „рутинска ротација на програмата за обука“.
Официјален Багдад вчера и даде рок од 48 часа на Турција да ги повлече војниците кои незаконски влегле на ирачка територија.
- Ако војниците не бидат повлечени за 48 часа Ирак ќе го искористи правото да преземе мерки, вклучително и да се обрати до Советот за безбедност на ОН, изјави ирачкиот премиер Хајдер ал Абади.
Турски војници има во базата Башика, во ирачката провионција Ниневија, каде се обучуваат ирачки доброволци сунити за заземање на Мосул, кој е под контрола на ИД од јуни 2014 година.
Ново на Сител
-
Скопската брза помош го вклучи алармот – ако нема вработувања не знаат како ќе работат летото
-
Папата Франциск ќе биде погребан во сабота во базиликата Санта Марија Маџоре
-
Седница на Националниот совет за евроинтеграции
-
Околу 2 илјади лица на раб на егзистенција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск