Тринаесет години од смртта на првиот претседател Киро Глигоров
На денешен ден пред 13 години почина првиот претседател на самостојна и независна Македонија, Киро Глигоров.
Глигоров е роден на 3 мај 1917 година во Штип и тој има активна улога во процесот на политичкото осамостојување на Македонија и нејзиното меѓународно признавање.
По референдумот одржан на 8 септември 1991 година на кој граѓаните се изјаснија за независна и суверена држава, Глигоров на 25 јануари 1991 година е избран за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија од страна на Собранието на Република Македонија.
На 7 март му го доверил мандатот на Никола Кљусев за формирање на првата влада, а по донесувањето на Уставот, сите активности за меѓународното признавање на Македонија ги презел Глигоров.
На 3 октомври 1995 година, врз него беше извршен атентат во Скопје. По неколкумесечното лекување, на 10 јануари 1996 година Глигоров се врати на својата претседателска должност.
На 17 ноември 1999 година го завршува неговиот втор претседателски мандат на 82 годишна возраст. Почина на 1 јануари 2012 година на 94 години во својот дом во Скопје.
Добитник е на бројни меѓународни награди и признанија - ценет и вреднуван за својата работа од целиот свет.
Ново на Сител
-
И годинава ниеден македонски универзитет не се најде на Шангајската листа
-
Македонија шеста во светот по странски инвестиции според големината на економијата
-
Премиерот најави казни против маркетите и мерки кај услугите
-
Муцунски: Каква и да е одлуката на Уставен, нема да влијае на преговарачката рамка
-
Уште една бурна ноќ во Србија - 114 приведени, 75 повредени полицајци
-
Активни два пожара - Јасен и Јегуновце
-
Во касарната Јане Сандански - Штип презентирани нови 29 лесни оклопни возила - JLTV од САД
-
Охрид и Струга нудат услови за конгресен туризам