-->
-->
Трет ден по ред ограничувања во Мексико поради енормното загадување на воздухот
-->
Властите во мексиканскиот главен град наредија 40 отсто од автомобилите да не се движат денеска со што трет ден ги продолжија ограничувањата за транспорт воведени поради енормното загадување на воздухот.
Според одлука што ќе биде на сила до 20 јуни, 20 отсто од автомобилите и камионите во Мексико сити во работните денови треба да останат во гаражите. Вчера беше наредно 20 отсто возила да не се користат, но поради недоволниот ефект од мерката, денеска е прифатено дополнителни 20 отсто возила да бидат забранети за движење.
Во средата Мексико објави еколошка тревога за првпат по 14 години заради исклучително виокото ниво на концентрација на штетни гасови во воздухот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Тема на денот со Гоце Димовски, директор на ТИРЗ
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Се повеќе млади страдаат од ментални заболувања, предупредуваат лекарите по општа и семејна медицина
-
Завршија мировните преговори помеѓу Русија и Украина
-
Лидерите од Европа на самит во Тирана - проширувањето е важно за Унијата
-
Меџити потврди влез на нови пратеници во мнозинството