Трет ден кампања за Локалните избори 2025
Кандидатите за локалните избори денеска на третиот ден од кампањата ќе ги престават своите програми на митинзи и средби со граѓани.
ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Конче (16:30), Демир Капија (17:30), Неготино (18:30) и Кавадарци (20:30).
Караванот на СДСМ и Коалицијата ќе биде меѓу граѓаните на Конче (17:30), Кичево (18:30) и Македонски Брод (20:00).
Движење ЗНАМ, пак, ќе има промотивна конвенција на Градскиот плоштад во Куманово (19:00).
Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од редовите на СДСМ Каја Шукова ќе даде изјава за медиуми во Аеродром.
Независниот кандидатот за градоначалник на град Скопје подржан од Независни заедно проф. д-р Горан Марковски ќе одржи прес-конференција во врска со капиталниот проект од неговата програма - пречистителна станица за градот Скопје.
Според податоците од ОИК, во Охрид до 11 часот на гласање излегле 17,7 отсто од впишаните лица со право на глас, додека во Општината Дебрца до 11 часот гласале 18 проценти од граѓаните.
Изборната кампања, која почна во понеделникот, ќе трае до 17 октомври на полноќ по што следува 24-часовен молк пред гласањето на 19 октомври, додека вториот круг ќе се одржи на 2 ноември.
Како што е предвидено во Изборниот законик (член 69а) за изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесникот во изборната кампања, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми.
Локалните избори 2025 се осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Ќе се гласа на 3480 избирачки места за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или за вкупно 10 490 кандидати.
На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури.
Најмногу кандидати за градоначалници има за Градот Скопје - 16.
МИА
Ново на Сител
-
Коалицијата на СДСМ вечерва во Штип и Пробиштип
-
Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ вечерва во Струга и Ресен
-
Тема на денот со претседателката Гордана Сиљановска Давкова
-
Почна судењето за поранешната претседателка на Антикорупциска
-
Коцевски: Објавени се само дел од пораките, се истражуваат и други лица и институции
-
Ветувања на коалиција ВМРО-ДПМНЕ: Нови автобуси, БРТ за Скопје, гаражи во Карпош
-
Филипче: Власта е прочитана како буквар, ниту една реформа не е спроведена
-
Справување со корупцијата, решенија за јавен превоз и хигиена - Изборни ветувања на албанските партии