Трамп соопшти дека Вилијам Бар веќе не е министер за правда на САД
Американскиот државен обвинител Вилијам Бар најави дека ќе се повлече од таа функција во следната недела, откако Изборниот колеџ ја потврди победата на демократскиот кандидат Џо Бајден на претседателските избори во САД.
Бар, кој не ги поддржа тврдењата на републиканскиот кандидат и сегашниот претседател Доналд Трамп дека има широко распространета измама на изборите на 3 ноември, рече дека ќе ја напушти таа позиција на 23 декември.
Трамп на Твитер објави дека нов вршител на должноста државен обвинител ќе биде поранешниот заменик на Бар, Џеф Росен.
„Имав многу пријатна средба со јавниот обвинител Бар во Белата куќа. Нашите односи беа многу добри, тој заврши извонредна работа!”, наведе Трамп, додавајќи дека Бар ќе ја напушти функцијата пред Божик.
Бар изненади многумина кога во интервју за АП, објавено на 1 декември, ја оспори идејата за Трамп и неговиот изборен штаб дека има широко распространета измама на изборите оваа година во САД.
Ново на Сител
-
Хрватскиот претседател Милановиќ во официјална посета на Македонија
-
Мицкоски до полицијата: Правдата мора да дојде преку непоткуплива полиција, чувајте ја Македонија
-
СДСМ Куманово обвинува дека Максим Димитриевски е фатен во огромна корупција
-
Дали Македонија напредува на патот кон ЕУ?
-
Жителите на Кривогаштани на протест, не даваат реконструкција на 2 моста додека не се најде алтернативен пат
-
Преглед на вестите од светот
-
Полагање на државна матура 2025 година - Смислија ли надлежните нови механизми за да се спречи препишувањето?
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар