Македонија
7. May 2025 - 12:29

Дали Македонија напредува на патот кон ЕУ?

Македонија во моментов не уназадува во евроинтегративниот процес, но може да се доведе во таква состојба ако и понатаму дел од законите во реформската агенда не бидат усвоени, предупредуваат експертите.

Тие денеска на заедничка маса дебатираа за напредокот на државата и владеењето на правото на патот кон Европската унија.

Дел од експертите сметаат дека има намалување на интересот за проширување и кај земјите кандидати, но и во самата Европска унија.