-->
-->
Трамп сака да мобилизира до 100 илјади припадници на Националната гарда за борба со илегалната имиграција
-->
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува предлог за мобилизација на до 100 илјади припадници на Националната гарда, кои би апселе илегални имигранти, вклучително и милиони од нив кои не живеат ни близу границата со Мексико, јавија американски медиуми.
Тие се повикуваат на нацрт-меморандум од 11 страници во кој има повик за досега невидена милитаризација на сили, кои треба да се борат со имиграцијата и тоа на север до Портланд во Орегон и на исток до Њу Орлеанс во Луизијана.
Во тој предлог се вклучени и четирите сојузни држави кои се на границата со Мексико - Калифорнија, Аризона, Њу Мексико, Текасас, но и седум држави кои се до нив - Орегон, Невада, Јута, Колорадо, Оклахома, Арканзас и Луизијана.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција