Трамп разговараше со Нетанјаху за царините

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за новата тарифна политика на САД додека Израел се обидува да го минимизира влијанието на новите американски царини од 17 отсто врз увозот на израелски стоки, изјавија денеска двајца високи израелски претставници.
Британските медиуми пренесоа дека официјални лица соопштиле дека Трамп и Нетанјаху разговарале вчера, а еден од нив пренел дека поголемиот дел од американските царини може да се решат.
Официјален претставник на израелското Министерство за финансии изјави вчера дека најновите американски царини би можеле да влијаат на извозот на израелски машини и медицинска опрема.
САД се најблискиот сојузник на Израел и најголемиот трговски партнер, потсетуваат британските медиуми.
Израел во вторникот почна да ги отстранува преостанатите царини за американските стоки.
Двете земји уште пред 40 години потпишаа договор за слободна трговија и околу 98 отсто од американските стоки сега се увезуваат во Израел без царина.
Ново на Сител
-

Повторно одложено судењето за случајот со родилката Веапоска
-

Преглед на вестите од светот
-

Извештајот за напредокот на Македонија презентиран во Парламентот
-

Со торта во Брисел, Албанија го прослави отворањето на последниот кластер од преговорите со ЕУ
-

Во 34 години македонскиот Устав е сменет 8 пати, претседателот на Уставен повикува на негово почитување
-

Авто-школите ги поскапеа обуките за 35%
-

Гаши ги распиша повторените избори за 4 општини за 11 јануари
-

Забраната за фрлање смет по 22 часот стапува на сила
