Loading Video...
Свет
18. November 2025 - 12:21

Преглед на вестите од светот

Синот на Дијана Хрка загина во падот на бетонската настрешница лани во Нови Сад. Таа го започна штрајкот со глад на 2 ноември, ден по големиот комеморативен собир во Нови Сад одржан на годишнината од несреќата, барајќи надлежните органи да ги испрашаат и приведат сите лица осомничени за падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, да ги ослободат сите нелегално притворени студенти и да распишат вонредни парламентарни избори..

Мирно и масовно, со учество на илјадници граѓани,  заврши традиционалниот протестен марш од  Политехничкиот факултет до  амбасадата на САД во Атина за одбележување на 52-годишнината од студентскиот бунт против хунтата. За безбедноста во Атина беа ангажирани над 5.000 полицајци, дронови и хеликоптер, полицајци во цивил, како и цистерни со топови вода, додека пак затворени беа пет метро станици во центарот на грчката метропола.

Во руски ракетен напад врз источноукраинскиот град Балаклија загинаа три лица, а меѓу 10-те повредени има и тројца тинејџери, соопштија регионалните власти на Харков. Нападот оштети повеќекатници и уништи десетици автомобили во центарот на градот. Русија редовно извршуваше ракетни, беспилотни летала и артилериски напади врз вториот по големина украински град Харков, уништувајќи куќи и инфраструктура, прекинувајќи ги енергетските врски и подложувајќи ги жителите на постојана тревога за воздушен напад.