Трамп: Амазон им прави голема штета на продавачите кои плаќаат данок
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно денеска го нападна гигантот во електронската трговија Амазон, чиј сопственик Џеф Безос го поседува и весникот „Вашингтон Пост“.
- Амазон им прави голема штета на продавачите кои плаќаат данок. Местата, градовите и државите ширум САД трпат болка, многу работни места се загубени, наведе Трамп на Твитер.
„Вашингтон Пост“ е честа мета на нападите на Трамп, како еден од медиумите, „кои не му се по волја“ и кои ги обвинува за лажни вести.
Голем број традиционални продавници се затвораат и го обвинуваат Амазон за промена на навиките на потрошувачите, кои она што им е потребно се почесто го купуваат преку Интернет.
Амазон меѓутоа вработува илјадници луѓе и најави дека планира до средината на следната година да вработи уште сто илјади работници.
Ново на Сител
-
Тензиите на Блискиот Исток ги вивнаа цените на нафтата и гасот
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Градоначалникот на Кочани поднесе кривични пријави за неколку локали кои се уште работат незаконски
-
Одбраната бара ослободителни пресуди за Кешишев, Манев и Видевски за убиствата на Вања и Панче
-
Бјере: Моментумот за проширување е тука, искористете го
-
Се уште без договори Таравари со Ахмети, Тачи со Меџити
-
Бошњаците бараат кривично да се казнува негацијата на геноцидот во Сребреница
-
Реакција по роденденот на ВМРО-ДПМНЕ